Biologic технологијата претставува модерен пристап на контрола при согорување на пелетот, и овозможува самостојно прилагодување на сите параметри: препознавање и прилагодување на сите функции кои се однесуваат на калоричната вредност на пелетот, на издувните гасови во оџакот како и на густината на воздухот.
Biologic технологијата константно и автоматски ги менува параметрите како би се остварил оптимален пренос на енергијата од гас во вода.
Досегашните познати методи за контрола на согорување на пелет имаат фиксно подесување на параметрите и фиксен сет на дозирање на уредот по ниво (10 l/h).
На пазарот постои пелет со различна густина (можно е да се набави од 550 kg до 700 kg на еден m3), како и пелет со различна содржина на влага, од 5% до 15%, што значи дека еден тон на пелет може да обезбеди принос од 850 kg на дрво, и 150 l вода, или 950 kg на дрво и 50 l на вода.
При согорувањето, инсталациите со фиксни параметри секогаш дозираат иста количина. На пример: “Уреди за согорување можат да се дозираат со 5,5 kg или 7 kg на пелети на еден час а истовремено во комората има 25% помалку енергија на дрво и повеќе вода.”
Овакви контролирани системи, зависат од калоричната вредност на пелетот; од должината на пелетот како и од количината на влага која ја содржи. А се заедно го одредува термичкиот ефект на пелетот кој се пренесува на вода.
Фиксното подесување на вентилаторот или напонот, не гарантира константни услови на согорување во котелот затоа што ѕидовите на котелот стануваат правливи поради пепелта, обезбедувајќи дополнителен отпор на гасови низ котелот. Оџакот во услови на висок притисок се разликува од условите на нискиот притисок, а на тој начин се менуваат и условите за проток на воздухот во уредот за согорување. Исто така, кога котелот користи фиксни параметри, вентилаторот во различни услови исто ротира, а тоа на крај резултира со полн котел поради пременливата количина на воздухот во комората за согорување. Температурата на воздухот во просторијата, или присуството на пепел во котелот влијаат на доводот на воздух во котелот. Овие фактори влијаат на температурата на гасовите (различна температура на гасовите – различна количина на гасови), а вентилаторите континуирано ротираат онака како се подесени.
Согорувањето на пелет со фиксно подесување резултира со комора за согорување која во различни услови ќе биде исполнета со различна количина на воздух, што пак негативно влијае на ефикасноста на котелот.
Biologic технологијата континуирано го следи процесот на согорување на пелетот, ги зема во предвид сите горенаведени фактори и автоматски ги прилагодува сите параметри, а на тој начин го спречува непотребниот губиток на енергија во текот на согорувањето. Согорувањето со контролниот систем на Biologic овозможува максимална ефикасност во сите услови на работа на котелот.
Најмногу интервенции и дефекти во текот на согорување на пелетот со фиксното подесување на параметрите се случуваат поради:
Котелот BIODOM со Biologic технологијата е имун на ваквите проблеми, бидејќи котелот самостојно се регулира.
Biologic технологијата обезбедува во просек 10 % помала потрошувачка на гориво, како резултат на континуираното следење на процесот на согорување и прилагодување на тековните потреби, кои се поврзани со пелетот, како и со снабдување на воздух во комората за согорување и во текот на идентификувањето со условите во оџакот.