ЗА НАС

Почнавме да развиваме котли на пелет уште во 1999 година, а веќе во 2004 година ја стартувавме и првата серија на производство и продажба. Производството и продажбата првенствено се одвивуваше на словенечкиот пазар а веќе од 2005 година успешно се прошируваме на меѓународниот пазар. Во моментов, извезуваме околу 90 % од нашето производство. Со вистински пристап и одлична организација, континуирано постигнуваме одлични резултати и покрај различните промени на пазарот.

Главната вредност на компанијата Biodom 27 е иновативна структура и дизајн на производите. Во согласност со законите на природата, нашиот иновативен дизајн го спречува непотребниот губиток на енергија и создава оптимални услови за пренос на топлината од гас во вода. Ние се стремиме да им обезбедиме на нашите корисници економичен, сигурен, со висок квалитет и еколошки начин на греење и удобност.

Целата наша енергија ја фокусираме на развојот на согорување на гориво со биомаса. Нашата мисија се базира на вреднување на природните ресурси и користењето на зелената енергија, а благодарение на тоа, намалени се и месечните трошоци за греење. Нашата визија е да станеме една од водечките компании на меѓународниот пазар за грејна решенија.

македонски