Во современиот свет, се повеќе и повеќе се соочуваме со прашањето како да се обезбеди рационално користење на енергијата, а истовремено да се намали загадувањето и глобалното затоплување како и ефектот на стаклена градина.
Главниот предизвик не е употребата на самата енергија, туку на начинот на кој истата можеме да ја понудиме и употребиме. Дрвото е природен и обновлив материјал, и благодарение на развиената современа технологија овозможен е начин на греење со посебен акцент на почитување и заштита на животната средина. Поради своите карактеристики, дрвото многумина го нарекуваат и “извор на енергија на иднината.”
Кога гори, дрвото емитува речиси иста количина на СО2 колку што го и апсорбира во текот на својот животен век. Ова е причината зошто се фокусираме првенствено на биомасата како извор на енергија, а долгогодишното искуство покажува дека е едно од најдобрите решенија за системите за греење кои користат фосилно гориво.
Горивото на пелет е обновливо, не ја загадува околината и претставува одлична алтернатива за системи на греење кои се базираат на дрвото како извор на енергија. Горивото на пелет е производ на биомасата, направено од обновливи супстанци – од рециклиран отпад на дрвна маса.
Пелетот е исклучително густ и може да се произведе со ниска содржина на влага (под 10%), со што се овозможува висока ефикасност при согорувањето.
Од особена важност е и користење на пелет со мала количина на отпадок – прашина и пепел. Доколку имаме пелет со висока калорична вредност, низок процент на влага и мала количина на пепел, добиваме поголема топлинска енергија и намален остаток на пепел.